Пролог
Тешко ли е...
23-ти април – колку за амбиент.
Да може читателот да се адаптира.
Да си рече: „Ааа! Април!? Знам, знам...“.
Да се поднамести поудобно. Покомотно.
Да се лоцира во (годишното) време. Ако не во просторот. А и нема годишен простор — инаку ќе му помогнев. На читателот. Потенцијален.
А кој ќе знае — како да му се угоди Нему? На Читателот!
Ако е од другата полутопка — април ќе му значи нешто сосем друго?
А што ако не е (полу)топка, воопшто?
Ако не е април, и ако не е 23-ти, останува да биде било кој ден. Секој си има своја верзија на тоа како треба да изгледа.
И колку да му ја наметнувам мојата слика, неговата ќе му биде појасна.
Како тоа може да изгледа „еден ден“?
Еба ти почетокот. Без врска.
1